Saturday, June 27, 2009

Важни ( читај пресудни ) понуди

Познавајќи го принципот на којшто работи Арсен Венгер веќе долги години ... верувам да не речам знам дека Адебајор летово ќе го напушти Арсенал. Интер, Милан а сега и Челси најверојатно ќе бидат следната дестинација на црномурестиот напаѓач.

Important Offers

- Да започнам со Интер.
Зошто на Интер му треба Адебајор? Ибрахомович е напаѓач каков што Интер досега немал... снаодлив, брз, дриблер, добро игра со глава безмалку е совршен. Но освен Ибрахимович Интер нема друг постојан напаѓач... некој ќе рече незнам Балотели, Круз, Креспо ... сепак следнава сезона ќе биде и тоа како интересна во сериа а откако Јуве се засили со Диего, Канаваро и е на патека да направи стабилна екипа... исто така и Милан сеа најверојатно парите од Кака ќе ги искористи добро така да тандемот Адебајор Ибрахимович и тоа како би му дошол добро на Мурињо. Воедно купувајќи го Адебајор ќе се заштити и од евентуалното непосакувано заминување на Ибрахимович.

Можностите да премине во Интер : 7/10

- Милан ...
Навивачите на Милан кои сеуште се шокирани со заминувањето на нивниот миленик би биле задоволни да го видат Адебајор во своите редови. Пато со Адебајор заедно во нападот би биле страв и трепет за секоја одбрана, без разлика за кои дефанзифци станува збор.

Можностите да премине во Милан 9/10


- Од каде сега Челси заинтересиран за Адебајор?
Истово прашање си го поставував и јас... Размислив и сите работи се поклопија. Анчелоти е љубител на играта на Адебајор, веќе и имаше еден неуспешен обид да го донесе во своите редови како тренер на Милан. На Челси можеби за во Премиер лига не му треба напаѓач плус имајќи ги во своите редови Дрогба и Ањелка ... но да не забораваме во Лигата на Шампионите Дрогба несмее да напстапува во натпреварите во групи така да едно вакво засилување добро би му дошло на Челси

Можностите да премине во Челси 4/10

No comments:

Post a Comment