Monday, June 29, 2009

Бразил успеа!!

Она што не и успеа на Шпанија му тргна од рака на Бразил. Иако имаше негатива од 2 гола Бразилците покажаа борбеност и ангажираност во играта и успеаа го сврте натпреварот и победи 3-2 - заслужено ќе речам. Секако тука е и тимот на USA кој исто така заслужува огромни честитки. Од комплетни аутсајдери стигнаа до второто место прегазувајќи ја Шпанија и создавајќи му и тоа какви проблеми на Бразил

Brazil Win Confed Cup!

Многумина викаат дека иако Бразил го освои овој куп на Конфедерации сепак сите ќе го памтат по одличните игри на USA. Јас не се согласувам, ќе поминат години и години и никој нема да се сеќава дека USA била една од подобрите репрезентации на натпреварувањето. Сите ќе се сеќаваат на шампионот од таа година. А тоа е Бразил. Но да не се разбереме погрешно јас никако не го оспорувам фактот дека USA игра добар фудбал. Тие им покажуваат на останатите екипи што е тоа дисциплина, напорна работа и упорност ... секако работи без кои неможе да функционира еден тим беспрекорно. А на нас што ни останува освен пополека да се загреваме, уште една година ни останува до Светското првенство ... едвај чекам да дојде : ) .

No comments:

Post a Comment