Утрово на двата официјални веб-страни на Реал и на Манчестер можевте да прочитате дека Кристијано реши конечно да го напушти Манчестер и да премине во редовите на Реал потпишувајќи шест годишен договор со Мадриѓаните.

Верувале или не Реал потроши дури 93 милиони за да го донесе во своите редови еден од најдобрите, па не само еден од најдобрите туку веројатно моментално најдобриот играч во светот. Неговата презентација пред навивачите на Реал ќе биде на 6ти Јули. Навистина ова е голема вест која и тоа како ќе ги израдува навивачите на Реал кои верувам дека со огромно нетрпение чекаат да ги видат Кака и Роналдо заедно на теренот... дали ќе биде тоа фантастично дуо или само двајца индивидуалци кои неможат да играат заедно ... што ни преостанува нам?
- Да почекаме да започне сезоната и да уживаме во нивните мајстории
- Да почекаме да започне сезоната и да уживаме во нивните мајстории
Абе ќе се упропасти сега во Реал ќе видите
ReplyDeleteПа незнам баш дали ќе се упропасти со оглед на тоа дека Реал прави империја сезонава ќе биде интересно да се гледа заедно со Кака како ќе игра
ReplyDelete