По успешен помин на медицинското тестирање Рикардо Кака беше и официјално прогласен за играч на Реал Мадрид.
Tuesday, June 30, 2009
Monday, June 29, 2009
Јувентус и гостува на Ѕвезда!!!
Екипата на Црвена Ѕвезда ќе одигра пријателска утакмица на 9ти август против екипата на Јувентус. Сето ова е по понудата која што Јувентус ја испратил до управата на Црвена Ѕвезда, а најверојатно ( со други зборови сигурно ) управата на Црвена Ѕвезда ќе ја прифати.

Тоа би било и тоа каков предизвик за екипата на Пижон токму три дена пред реванж натпреварот кој Ѕвезда треба да го одигра од третото коло за квалификации во Уефа. Нормално доколку излезе како победник од втората рунда. Претходната сезона Јувентус беше 2ро место во Италија и ова би било најверојатно тестирање на екипата пред почетокот на новата сезона. Се очекува Чиро Ферара новиот тренер на екипата од Торино да ги понесе сите играчи кои му се на располагање и да започне со разигрување на екипата.
Најдобрите 11 од Купот на Конфедерации 2009

Kassid
Maicon - Lucio – Booth - Masilela
Dempsey - Felipe Melo - Kaka
Villa - Luis Fabiano - Donovan
Бразил успеа!!
Она што не и успеа на Шпанија му тргна од рака на Бразил. Иако имаше негатива од 2 гола Бразилците покажаа борбеност и ангажираност во играта и успеаа го сврте натпреварот и победи 3-2 - заслужено ќе речам. Секако тука е и тимот на USA кој исто така заслужува огромни честитки. Од комплетни аутсајдери стигнаа до второто место прегазувајќи ја Шпанија и создавајќи му и тоа какви проблеми на Бразил

Многумина викаат дека иако Бразил го освои овој куп на Конфедерации сепак сите ќе го памтат по одличните игри на USA. Јас не се согласувам, ќе поминат години и години и никој нема да се сеќава дека USA била една од подобрите репрезентации на натпреварувањето. Сите ќе се сеќаваат на шампионот од таа година. А тоа е Бразил. Но да не се разбереме погрешно јас никако не го оспорувам фактот дека USA игра добар фудбал. Тие им покажуваат на останатите екипи што е тоа дисциплина, напорна работа и упорност ... секако работи без кои неможе да функционира еден тим беспрекорно. А на нас што ни останува освен пополека да се загреваме, уште една година ни останува до Светското првенство ... едвај чекам да дојде : ) .
Sunday, June 28, 2009
Пато офанзива
Челси не се откажува! Иако Милан ја одбија мега понудата која се состоеше од Дрогба и 25 милиони за Пато, овој пат Челси испрати уште поголема понуда. Понудата изнесува 60 милиони, големи пари кои тропаат на вратата на Миланскиот клуб чекајќи да влезат во касата на Миланезите.
Пато е играч каков би посакала секоја екипа да има, но дали навистина вреди 60 милиони или е преценет??
Пато е играч каков би посакала секоја екипа да има, но дали навистина вреди 60 милиони или е преценет??
Што треба Англија да смени пред Светското првенство?
Англичаните се повторно назад во акција по оној ужас, неуспех за пласман на Европско. Следејќи ги натпреварите на Англичаните се решив да направам анализа за тоа каде лежат нивните главни проблеми.

Прво да започнеме со голманите. Англија и тоа какви маки си има со голманите. Моментално прв голман Роберт Грин - неможе да се каже дека е голман од светска класа. Воопшто не го оспорувам фактот дека Грин е солиден голман, но во никој случај неможе да се носи со искусните голмани на другите репрезентации како што се Буфон, Касиљас, Чех и слично. Втор голман е Дејвид Џејмс којшто моментално е повреден инаку можно е тој да е прв избор на Капело. Да не потцетувам на грешките кои Џејмс знаел да ги направи... ќе биде смешно а воедно и трагично ако се присетиме на тие моменти.
Од друга страна одбраната изгледа прилично солидно освен онаа десна позиција на која Англичаните имаат големи проблеми. Како централни дефанзифци се Тери и Фердинант и тука нема што да се каже за овие двајца кој од кој подобар... Лево Ешли Кол исто така добар бек кој знае да истрча напред да се врати да покрие, брз е и добро се снаоѓа онаму каде што игра. Но сега доаѓа она проблематичното кој десно???
Глен Џонсон е бек кој во Портсмунт игра одлично неверојатен е но.... сепак и самите знаете дека кога најмногу се очекува од него тој ќе разочара. Истото беше кога дојде во Челси едноставно не личеше на себеси. Од друга страна тука е и Гери Невил искусниот дефанзивец на Манчестер кој немаше постојаност во настапите за Црвените ѓаволи сезонава па ништо чудно да ја грее клупата за Англија со оглед на тоа дека годините си го прават своето. Но ајде да најдеме некој друг да не се мачиме и го крпиме составот со овие играчи. Мој предлог е Мика Ричардс!!
- Мислам, верувам ( читај знам ) дека Ричардс ќе се снајде одлично како стартер по десната страна за Англија. Борбен е храбар го остава срцето на теренот, трча 120 минути без престан, што друго е потребно?? Евентуално повлекување на Харгривс од средниот ред на оваа позиција би било исто така полн погодок според мене . Може ќе ви изгледа смешно при играчи кои тоа им е природна позиција ( десен бек) да се враќа и да се експериментира со некој друг играч од средина на теренот. Всушност тоа не е експериментирање. Незнам колку ви текнува но не така ретко знаеше Сер Алекс Фергусон да го стави Харгривс како десен бек ( нормално тогаш беше приморан да го направи тоа, но Харгривс изненадуваше).
Сега средниот ред ....
- Рака на срце нема што да се каже за овие играчи од средниот ред. Сите се играчи од светска класа почнувајќи од Џерард, Лампард па и некои други како Џо Кол и Филипс се и тоа како добри играчи.
Нападот со Вејн Руни е солиден но Капело никако да се одлучи кој да биде неговиот партнер. Ги испробуваше : Дефо, Бент, Овен, Крауч, Хески... и кои други не. Според мене сепак искуството на Овен треба да биде пресудно и тој треба да биде стартер за Англија.
Па нека им е со среќа на Англичаните и конечно нека имаат и тие едно успешно првенство... да не бидеме малери но нели Капело каде и да бил тренер освоил нешто...?? Да се надеваме дека традицијата нема да биде прекината со Англија.

Како би требало да изгледа тимот на Манчестер Сити следната сезона?
Искрено ми стана интересно да составувам тимови ( откако го составував тимот на Јувентус за следната сезона .. . неколку постови подоле) па се решив да го направам истото и за Сити. Со оглед на тоа дека кај нив ќе имам поголем избор ( кого се не бараа ) ќе биденезаборавно искуство .

Given
Се соживеав со улогата. Веќе го видов Тевез во дресот на Сити како се радува при постигнувањето на погодок, го видов Maicon како царува по десната страна, навивачите се радуваа славеа... а сега назат во реалноста !!!
- Нели Манчестер Сити не излезе во Европа ?
- Воздишки и тивок одговор : Е не излезе...
Maicon Toure Richards Bridge
Wright Philips Ireland Barry
Tevez Eto Robinho
Се соживеав со улогата. Веќе го видов Тевез во дресот на Сити како се радува при постигнувањето на погодок, го видов Maicon како царува по десната страна, навивачите се радуваа славеа... а сега назат во реалноста !!!
- Нели Манчестер Сити не излезе во Европа ?
- Воздишки и тивок одговор : Е не излезе...
Saturday, June 27, 2009
Потера по Џо
Верувале или не Манчестер Сити нема летово само да купува. Тие се постојано актуелни на трансвер пазарот - овој пат во друга улога. Го продаваат Џо. Ајде да заборавиме како одигра во Евертон, ајде да заборавиме на неговите претходни добри сезони.. па и сето тоа да се заборави сепак дали Џо е тој што треба да ги напушти популарните Граѓани?

Рака на срце Робињо е напаѓач далеку подобар од Џо но во моментов го гледам тимот на Сити и се прашувам дали Белами или Бенџани можат да се споредуваат со него, и дали воопшто треба да се размислува за негово продавање. Но никогаш не се знае можеби ова е само знак дека Тевез веќе се смета за играч на Манчестер Сити ...

Кого треба Јувентус да го купи за да биде успешен во 2009/10
Изминатата сезона 2008/09 беше уште една разочарувачка сезона за Јувентус. Сезона без титула дури е многу под стандардите на најуспешниот клуб во Италија. Одбраната или средниот ред... или пак нападот??? Тоа се една од главните дилеми кои ги мачат фановите на Јуве. Но верувам ќе се согласите со мене дека одбраната беше делот којшто беше најслаб кај Јуве оваа сезона па токму затоа според мене тоа е делот каде што тие треба најмногу да менуваат и одредени корекции треба да се направат во средниот ред ... додека нападот ... ај сеа да не претеруваме и да бидеме реални нападот фунционира беспрекорно
Еве го мојот предлог за тоа како би требало да изгледа тимот на Јуве следната година
Еве го мојот предлог за тоа како би требало да изгледа тимот на Јуве следната година
Buffon
Zapata Cannavaro Chiellini Grosso
Sissoko D’Agostino
Camoranesi Diego Giovinco
Zapata Cannavaro Chiellini Grosso
Sissoko D’Agostino
Camoranesi Diego Giovinco
Amauri
Рафа : Знаев дека Глен ќе дојде
Менаџерот на Ливерпул изјави дека знаел дека Глен Џонсон доскорешниот фудбалер на Портсмунт ќе го одбере Ливерпул пред Челси и Манчестер Сити.
По неговото официјално презентирање пред фановите на Ливерпул на пресконференцијата тој додаде дека е презадоволен од новото засилување и дека не ги жали големите пари ( 18 мил ) потрошени за него. Сега прашање е само време кога Арбелоа ќе го напушти Ливерпул ... соочен со вистината дека нема да биде прв избор на РафаВажни ( читај пресудни ) понуди
Познавајќи го принципот на којшто работи Арсен Венгер веќе долги години ... верувам да не речам знам дека Адебајор летово ќе го напушти Арсенал. Интер, Милан а сега и Челси најверојатно ќе бидат следната дестинација на црномурестиот напаѓач.
- Да започнам со Интер.
Зошто на Интер му треба Адебајор? Ибрахомович е напаѓач каков што Интер досега немал... снаодлив, брз, дриблер, добро игра со глава безмалку е совршен. Но освен Ибрахимович Интер нема друг постојан напаѓач... некој ќе рече незнам Балотели, Круз, Креспо ... сепак следнава сезона ќе биде и тоа како интересна во сериа а откако Јуве се засили со Диего, Канаваро и е на патека да направи стабилна екипа... исто така и Милан сеа најверојатно парите од Кака ќе ги искористи добро така да тандемот Адебајор Ибрахимович и тоа како би му дошол добро на Мурињо. Воедно купувајќи го Адебајор ќе се заштити и од евентуалното непосакувано заминување на Ибрахимович.
Можностите да премине во Интер : 7/10
- Милан ...
Навивачите на Милан кои сеуште се шокирани со заминувањето на нивниот миленик би биле задоволни да го видат Адебајор во своите редови. Пато со Адебајор заедно во нападот би биле страв и трепет за секоја одбрана, без разлика за кои дефанзифци станува збор.
Можностите да премине во Милан 9/10
- Од каде сега Челси заинтересиран за Адебајор?
Истово прашање си го поставував и јас... Размислив и сите работи се поклопија. Анчелоти е љубител на играта на Адебајор, веќе и имаше еден неуспешен обид да го донесе во своите редови како тренер на Милан. На Челси можеби за во Премиер лига не му треба напаѓач плус имајќи ги во своите редови Дрогба и Ањелка ... но да не забораваме во Лигата на Шампионите Дрогба несмее да напстапува во натпреварите во групи така да едно вакво засилување добро би му дошло на Челси
Можностите да премине во Челси 4/10
Веќе е официјално Кристијано Роналдо е нов играч на Реал!!!
Утрово на двата официјални веб-страни на Реал и на Манчестер можевте да прочитате дека Кристијано реши конечно да го напушти Манчестер и да премине во редовите на Реал потпишувајќи шест годишен договор со Мадриѓаните.

Верувале или не Реал потроши дури 93 милиони за да го донесе во своите редови еден од најдобрите, па не само еден од најдобрите туку веројатно моментално најдобриот играч во светот. Неговата презентација пред навивачите на Реал ќе биде на 6ти Јули. Навистина ова е голема вест која и тоа како ќе ги израдува навивачите на Реал кои верувам дека со огромно нетрпение чекаат да ги видат Кака и Роналдо заедно на теренот... дали ќе биде тоа фантастично дуо или само двајца индивидуалци кои неможат да играат заедно ... што ни преостанува нам?
- Да почекаме да започне сезоната и да уживаме во нивните мајстории
- Да почекаме да започне сезоната и да уживаме во нивните мајстории
Subscribe to:
Comments (Atom)