Friday, July 31, 2009

Момент на вистината

- Арсен Венгер ... голем тренер. Кој е љубител на Премиер Лигата од одамна знае колку всушност вреди овој тренер. Арсенал беше просечен тим, тим кој воопшто неможеше ни да помисли на пласман во шампионската лига, да не зборуваме за освојуање титула. Тоа беа години на доминација на Манчестер популарните црвени ѓаволи. Дојде Венгер и го препороди тимот. Успеа да влезе во историјата да освои титула без ниеден пораз... се сеќавате нели??
Беа тоа денови на Вилторд, Пирес, Виеира, Анри, Беркамп, Ешли Кол, Лорен и безброј други ѕвезди. И одеднаш како Венгер да сакаше да се врати на ист тип на тим кој го имаше кога дојде. Незнам... можеби така му е поинтересно кога другите не го смеатаат за фаворит а да изненади ... искрено незнам збунет сум. Се започна со заминувањето на Виеира. Првиот голем играч кој го напушти тогашното Хајбери. Следеше сезона без него и откривање на Фабрегас повторно млад играч кој замени искусен првотимец. Цела сезона и ете веќе наредната и без Анри. Сезона по сезона Арсенал трпи вакви загуби... И дојде 2009. Адебајор и Коло Туре. Воопшто не сум загрижен за фактот дека Адебајор го напушти Арсенал. Има тука Венгер играчи кои ќе го заменат Адебајор, но соодветна замена за Туре... па и незнам баш дали во брзо време ќе најде. Но од друга гледна точка Насри, Аршавин.. засилувања кои за неколку години ќе вредат премногу. Заклучокот е дека Арсенал купува паметно и заработува добро од трансверите. Втор аргумент односно факт за подржувања на ваквата политика е тоа што Арсен Венгер секогаш има оправдување зошто титулата не е во негови раце. Неискуство! Млади играчи! ... и повторно она старото за 2-3 сезони да созрее тимот и Арсенал ќе биде на врвот. А кога тимот ќе созрее на сцена доаѓаат нови младинци а созреаните играчи заминуваат.

No comments:

Post a Comment