- Арсен Венгер ... голем тренер. Кој е љубител на Премиер Лигата од одамна знае колку всушност вреди овој тренер. Арсенал беше просечен тим, тим кој воопшто неможеше ни да помисли на пласман во шампионската лига, да не зборуваме за освојуање титула. Тоа беа години на доминација на Манчестер популарните црвени ѓаволи. Дојде Венгер и го препороди тимот. Успеа да влезе во историјата да освои титула без ниеден пораз... се сеќавате нели??
Беа тоа денови на Вилторд, Пирес, Виеира, Анри, Беркамп, Ешли Кол, Лорен и безброј други ѕвезди. И одеднаш како Венгер да сакаше да се врати на ист тип на тим кој го имаше кога дојде. Незнам... можеби така му е поинтересно кога другите не го смеатаат за фаворит а да изненади ... искрено незнам збунет сум. Се започна со заминувањето на Виеира. Првиот голем играч кој го напушти тогашното Хајбери. Следеше сезона без него и откривање на Фабрегас повторно млад играч кој замени искусен првотимец. Цела сезона и ете веќе наредната и без Анри. Сезона по сезона Арсенал трпи вакви загуби... И дојде 2009. Адебајор и Коло Туре. Воопшто не сум загрижен за фактот дека Адебајор го напушти Арсенал. Има тука Венгер играчи кои ќе го заменат Адебајор, но соодветна замена за Туре... па и незнам баш дали во брзо време ќе најде. Но од друга гледна точка Насри, Аршавин.. засилувања кои за неколку години ќе вредат премногу. Заклучокот е дека Арсенал купува паметно и заработува добро од трансверите. Втор аргумент односно факт за подржувања на ваквата политика е тоа што Арсен Венгер секогаш има оправдување зошто титулата не е во негови раце. Неискуство! Млади играчи! ... и повторно она старото за 2-3 сезони да созрее тимот и Арсенал ќе биде на врвот. А кога тимот ќе созрее на сцена доаѓаат нови младинци а созреаните играчи заминуваат.
Friday, July 31, 2009
Monday, July 20, 2009
Milan 2-2 La Galaxy
Милан ремизираше против Галакси но тренерот Леонардо воопшто не изгледа загрижен. На пресконференцијата кога сите очекуваа тој да збори за играта на неговиот тим Леонардо излезе и 10тина минути зборуваше за Дејвид Бекам.
Да безмалку тој е повторно играч на Милан но додека игра во Галакси мислам дека не треба да го интересира толку. По прашањето што недостасува на вашата игра...? - Тој почна да прикажува Дејвид Бекам денеска испрати неколку и тоа како добри топки. Прецизни пасови од 30/40 метри одалеченост од соиграчот.... тоа ја изненади нашата одбрана. Дејвид Бекам лани за да остане цела сезона позајмен во Милан сам доплати со пари од свој џеб, но овој пат Миланезите се тие кои треба да платат.. па да видиме. Впрочем Леонардо беше во право Бекам асистираше и при двата погодоци.. зошто би зборувал за неговиот тим кога Бекам го реши натпреварот... можеби вака ќе го натера повторно сам да го плати трансверот... никогаш не се знае нели?? - Па затоа Леонардо продолжи да го фалиш Бекам ;)

Sunday, July 19, 2009
2та тима на Сити кои ќе се пласираат меѓу првите 10 следната сезона
Мислам дека нема што да објаснувам еве ги двата тима коишто може да ги состави Манчестер Сити... Искрено љубопитен сум што размислуваат. Никогаш не се знае можеби ќе прават најдобар резервен тим. Во Англија чисто информативно колку да знаете има првенства и помеѓу резервните тимови. следната сезона Сити сепак ќе освои нешто сигурно нели?

Aдебајор играч на Сити
Епа сега стварно.... зарем е возможно ова. Прво Реал сега и Сити. Значи тимот буквално не гледа кого купува и што им треба важно е да биде ѕвезда, и да играл во голем клуб, фановите ќе го пречекаат со раширени раце и тој ќе им помогне за да освојат нешто сезонава???? Еј па и вие, зарем треба да се грижат за фактот дека имаат уште 5 напаѓачи од светска класа. Зарем треба да се грижи некој за фактот дека Роке Санта Круз новото 18 милионско засилување може да седи на клупа?
- Реков новото засилување (хаха) смешен сум и јас еј, кое ново засилување тој е играч од пред еден месец алОоОо!! Да не зборувам кој се напаѓачите кои ги имаат и како планираат да ги воиграат, јас сега ќе останам збунет од оваа постапка на Сити. Впрочем тие не само напаѓачи тие можат да направат 2 тима кои најмалку ќе завршат во топ 10 следната сезона во Англија. Хммм сериозно во следниот посто нешто повеќе за 2те екипи кои Сити може да ги состави....

Subscribe to:
Comments (Atom)